ИЗВЕСТУВАЊЕ ЗА ЛИЦА КОИ ЌЕ ЈА СЛЕДАТ ОБУКАТА И ДА ПОЛАГААТ СТРУЧЕН ИСПИТ ВО МАРТОВСКАТА ЕДУКАТИВНО ИСПИТНА СЕСИЈА
| Агенцијата за супервизија на осигурување ги известува сите лица кои се пријавиле за учество на обука и полагање на стручен испит за застапник во осигурување односно учество на обука и полагање стручен испит за осигурителен брокер во мартовската едукативно испитна сесија, дека согласно принципот прв дојден прв услужен, следните лица кои ги исполнуваат условите за учество на обука и полагање на стручен испит за застапник односно осигурителен брокер, ќе може да ја следат обуката и да полагаат стручен испит во мартовската едукативно испитна сесија:
Список на лица за учество на обука и стручен испит за застапник во осигурување; Список на лица за учество на обука и стручен испит за осигурителен брокер; Обуката за застапник во времетраење од 3 дена (вкупно 18 наставни часа) ќе се спроведе во периодот 22-24.3.2018 година а обуката за брокер во времетраење од 4 дена (вкупно 27 наставни часа) ќе се спроведе во периодот 22-24.3.2018 година и 31.3.2018 година. Деталниот распоред на предавањата и списокот на лица за учество на обука и стручен испит за застапник во осигурување односно за осигурителен брокер можете да го најдете на следниот линк: Распоред на предавања за застапници на осигурување; Распоред на предавања за осигурителни брокери. Обуката за застапници односно осигурителни брокери ќе се одржи во просториите на Европски Универзитет (Бул. Свети Климент Охридски бр. 68 – Скопје). |

Во рамки на панелот учесниците ги изнесоа своите гледишта во врска со имплементацијата на Директивата Солвентност 2 во нивните земји. Главните заклучоци се движеа во насока дека овој процес е комплексен и бара голем ангажман и ресурси како за друштвата за осигурување, така и за органите за супервизија.
Советот на експерти на Агенцијата за супервизија на осигурување, наседницата одржана на 27.10.2017 година, го усвои Извештајот на Комисијата заизбор на најдобар истражувачки труд одобласта на управување со ризици и осигурување во Р. Македонија за 2017 годинасо што го прогласи трудот на Ангела Блажеска – “Анализа навлијанието на оперативниот ризик врз деловниот успех на компаниите за неживотноосигурување во Република Македонија” за победник на Конкурсот за избор на најдобар истражувачки труд одобласта на управување со ризици и осигурување во Република Македонија за 2017година. Победничката Ангела Блажеска изврши презентација на својот труд на7.11.2017 година пред претставници на друштвата за осигурување во Агенцијата засупервизија на осигурување.

Агенцијата за супервизија на осигурување на 14 јули, 2017 година со Универзитет “Св. Кирил и Методиј”, Правен Факултет „Јустинијан Први“ склучи Меморандум за соработка. Со овој Меморандум за соработка двете страни ја уредуваат соработката во врска со размена на искуства, знаења, едукација, литература, финансиска едукација и усовршување на кадри од областите во кои двете страни имаат кадровски и други потенцијали и интереси. Меморандумот за соработка го регулира и начинот на изведување на практична настава за студентите во Агенцијата за супервизија на осигурување.