Соопштение за спроведување на обука и стручен испит за вршење работи на застапување во осигурување и обука и стручен испит за вршење осигурително брокерски работи
Агенцијата за супервизија на осигурување ја информира јавноста дека ќе организира обука за вршење работи на застапување во осигурување и обука за вршење осигурително брокерски работи.
Обуката за вршење работи на застапување во осигурување во времетраење од 3 дена (вкупно 18 наставни часа) ќе се спроведе во периодот 23, 24 и 25 Април 2015 година а обуката за вршење осигурително брокерски работи во времетраење од 5 дена (вкупно 27 наставни часа) ќе се спроведе во периодот 23, 24, 25, 27 и 29 Април 2015 година. Точните термини и деталниот распоред на предавањата во рамки на обуките ќе биде објавен на интернет страницата на Агенцијата за супервизија на осигурување пред отпочнување на обуките.
Во рок од најмалку 15 дена од денот на завршување на обуките, Агенцијата ќе спроведе стручен испит за вршење работи на застапување во осигурување односно осигурително брокерски работи. Точниот термин за полагање на стручниот испит за вршење работи на застапување во осигурување односно стручниот испит за вршење осигурително брокерски работи ќе биде објавен на интернет страницата на Агенцијата за супервизија на осигурување најмалку во рок од 3 дена пред одржување на стручниот испит.
- Соопштение за спроведување на обука и стручен испит за вршење работи на застапување во осигурување и обука и стручен испит за вршење осигурително брокерски работи..
- Пријава/ барање за учество на обука и полагање на стручен испит за застапник
- Пријава/ барање за учество на обука и полагање на стручен испит за брокер

На ден 27.2.2015 година во просториите на Народната банка на Република Македонија се одржа работилницата на тема: Истакнување на потенцијалните влијанија на природните катастрофи врз работењето на комерцијалните банки. На работилницата учествуваа членови на Управните одбори на банките и лица одговорни за управување со ризиците во банките.

На ден 11.2.2015 година во просториите на Агенцијата за супервизија на осигурување беше потпишан Колективен договор за независни регулаторни тела што претставува потврда за довербата помеѓу социјалните партнери и уште една норма на секторско ниво која ќе придонесе за унапредување на правата и обврските од работен однос.