Седница одржана на 21 октомври
- Записник од 25-та седница на СнЕ на АСО одржана на 15 октомври, 2024 година;
- Барање за добивање согласност лицето Горан Арсов да стекне квалификувано учество во осигуритечно брокерското друштво ЕНСА БРОКЕР АС Скопје и донесување на решение;
- Барање за добивање согласност правното лице ЕМ ВИ ФАЈНЕНС ООД од Бугарија да стекне квалификувано учество во осигуритечно брокерското друштво ЕНСА БРОКЕР АС Скопје и донесување на решение.
Седница одржана на 15 октомври
- Записник од 24-та седница на СнЕ на АСО одржана на 30 септември, 2024 година,
- Барање за добивање согласност за вршење на функција член на орган на управување на АД за осигурување ГРАВЕ НЕЖИВОТ Скопје, на лицето Елизабета Божиновска и донесување на Решение,
- Информација за реализација на Финансискиот план на Агенцијата за супервизија на осигурување за 2024 година, заклучно со 30.09.2024 година.
Седница одржана на 30 септември
- Записник од 23-та седница на СнЕ на АСО одржана на 11 септември, 2024 година;
- Барање за добивање согласност за вршење на функција член на орган на управување на САВА осигурување а.д. Скопје за лицето Мелита Гугуловска и донесување решение,
- Барање за добивање согласност Друштвото за внатрешен и надворешен промет АУТОМАКЕДОНИЈА АД Скопје да стекне квалификувано учество во Осигурително брокерскотo друштво АМ БРОКЕР АД Скопје и донесување решение.
Работна посета на хрватска HANFA за искуствата при примената на МСФИ 17
Во периодот 16 – 17 септември 2024 година вработени во стручните служби на Агенцијата беа во работно-едукативна посета на надлежниот осигурителен супервизорски орган на Р.Хрватска – HANFA. Во рамките на воспоставената долгогодишна плодна соработка на нашите две институции, целтта на конкретната посета, реализирана на наше барање, е стекнување на практични знаења, совети, и искуства, околу надлежностите и улогата на осигурителниот супервизорски орган во контролата на примената на барањата на меѓународниот стандард за финансиско известување за договори за осигурување, МСФИ 17.

Работна посета на словеченки AZN за примена на МСФИ-17
Во периодот 17 – 18 октомври 2024 година вработени во стручните служби на Агенцијата беа во работно-едукативна посета на надлежниот осигурителен супервизорски орган на Р.Словенија – AZN. Во рамките на воспоставената долгогодишна плодна соработка на нашите две институции, целтта на конкретната посета реализирана на наше барање, е стекнување на практични знаења, совети, и искуства, околу надлежностите и улогата на осигурителниот супервизорски орган во контролата на примената на барањата на меѓународниот стандард за финансиско известување за договори за осигурување, МСФИ 17.

Над 200.000 граѓани ова лето купиле патничко осигурување за годишен одмор во странство
Вложувањата на граѓаните во патничко осигурување за патување во странство во јуни, јули и август достигнале 2 милиони евра, што е за 6% повеќе од истиот период лани. Истовремено износот на исплати за штети покриени со патничко осигурување, за овој период, е зголемен за 89% и достигнал 560.000 евра
Над 220.000 граѓани купиле патничко осигурување во летните месеци (јуни, јули и август), а најголем дел од нив го користеле за годишен одмор во странство. Вкупниот број на издадени осигурувања за патување во странство во овие три месеци изнесува 220.860, а во нив осигурениците вложиле 125,65 милиони денари (2 милиони евра).
Вкупните вложувања во патничко осигурување во летниот период годинава се за 6 отсто повисоки од истиот период лани, покажуваат официјалните податоци кои сите осигурителни компании ги доставуваат до Агенцијата за супервизија на осигурување (АСО).
Вредно за истакнување е тоа што во овој период граѓани кои имаат патничко осигурување од компаниите за осигурување наплатиле 34,46 милиони денари (560.000 евра). Со тие пари осигурителните компании им надоместувале медицински трошоци настанати за време на престојот во странство, изгубен багаж или некој друг од ризиците што го покрива патничкото осигурување.
Годинава во трите летни месеци (јуни, јули и август) осигурениците наплатиле 89 отсто повеќе средства за покривање штети настанати при патување во странство, во споредба со истиот период лани кога осигурителните компании исплатиле 18,23 милиони денари (296.000 евра).
Сите 11 осигурителни компании за трите летни месеци исплатиле штети покриени со патничко осигурување на повеќе од 35.300 граѓани кои патувале во странство. Бројот на исплатени штети во месеците јуни, јули и август годинава е за 14,5 отсто повисок од бројот на штети во истиот период 2023 година.
Што се однесува на продажбата на месечно ниво од податоците е евидентно дека најголема била побарувачката за патничко осигурување во јули. Тој месец граѓаните вложиле 44,79 милиони денари (над 728.000 евра) за да купат патничко осигурување.
Соодветно на тоа во јули најголем е и бројот и износот на исплатени штети. Така во јули 14.460 осигуреници наплатиле 14,9 милиони денари (над 242.000 евра).